4.8 C
Skopje
понеделник, 16 февруари 2026

Винисиус јуниор откри кој играч најмногу му фали во Реал Мадрид

Бразилската фудбалска ѕвезда Винисиус јуниор сезонава не е во најдобрата форма, но секогаш е во фокусот на вниманието, посебно поради своето однесување. Винисиус ја игра осмата сезона во Реал, има понуда да ја продолжи верноста, но засега Бразилецот одложува со пропишување на новата соработка.

Самиот Винисиус открива дека посебно добри релации во екипата има со Французите Килијан Мбапе, Едуардо Камавинга и Ферлан Менди. Од сите Французи, Винисиус најмногу го сакал Каримн Бензема, кој си замна од Мадрид и веќе две сезони е дел од првенството во Саудиска Арабија.

„Тој имаше нешто посебно, и само тој го имаше тоа. Ужасно ми недостига. Обожаваше да се шегува, но мразеше да губи. Се разбиравме само гледајќи се“, вели Винисиус за Бензема, а потоа додаде „Поминувам повеќе време со моите соиграчи отколку со моето семејство, мора да имаме добар однос“.

Бразилецот открива дека секое лето правел притисок врз Килијан Мбапе и Џуд Белингам да дојдат во Реал Мадрид затоа што сакал да игра со најдобрите, да победува и да освојува трофеи.

 

- Оглас -

Најнови вести