Винисиус јуниор прв бил тој што го провоцирал Диего Симеоне, во полуфиналето против Атлетико Мадрид, покажува новата снимка од мечот кој се играше во Џеда, Саудиска Арабија.
На снимката се гледа како Винисиус поминува покрај аут линијата каде стои Симеоне, а според тврдењата од Атлетико Мадрид, Бразилецот дофрлил „Мирно, сега ќе досудат пенал за нас“. Потоа се гледа како Симеоне реагира. Таа снимка може да ја видите ТУКА.
Кулминацијата се случи во 81 минута кога Винисиус беше повлече од игра, а Симеоне тогаш му дофрли на играчот на Реал „Флорентино ќе те исфрли од клубот, запамти го тоа“. Тренерот на Атлетико му покажуваше на играчот и тоа колку сите навивачи на Реал му свират и негодуваат.
Потоа Винисиус седнува на клупата за резерви каде е видно разочаран.


