15.8 C
Skopje
понеделник, 20 октомври 2025

Винисиус ликуваше за исклучувањето, па доби порака од противникот: „Затоа те мрази цел свет“ (Видео)

Реал Мадрид славеше на гостувањето кај Хетафе со минимални 0-1 иако имаше предност од двајца фудбалери на теренот. Во 77-мата минута беше исклучен Алан Ниом, а седум минути подоцна и Алекс Санчес, додека Кралевите победничкиот гол го постигнаа во 80-тата минута.

Сепак, по мечот во центарот на вниманието е Винисиус, кој ги провоцирал противничките фудбалери за исклучувањата со зборовите „многу сум јак“, на што добил одговор од фудбалерот на Хетафе, Хуан Иглесиас – „Затоа те мрази целиот свет“.

По мечот, и тренерот на Хетафе, Хосе Бордалас, се пожали дека бил провоциран од страна на Винисиус, кој му се обратил иронично дека направил одлична измена.

[Movistar] Jose Bordalas (61) on Nyom getting sent off 44 seconds after being subbed in: "Vinicius came up to me and said 'nice sub'"
byu/Delmer9713 insoccer

- Оглас -

Најнови вести