Винисиус Жуниор на мечот со Бетис во неделата, доби свирежи од публиката, а тој отворено му се пожалил на својот тренер Чаби Алонсо, сметал дека неговите соиграчи не му ја додаваат топката доволно често.
Снимки објавени во една емисија фатиле моментот кога Винисиус, видливо фрустриран, се обрати кон клупата. Според читањето од усни, тој го издвои соиграчот Гонзало, кој подоцна ќе стане херој на натпреварот со три гола.
„Невозможно е вака, мора да ја додаваат топката. Тука сите сакаат да дриблаат, а потоа публиката мене ми свири. Кажи му на овој човек (Гонзало) да ми додава. Не секогаш, туку барем еднаш“, му рече Винисиус на својот шеф.
Но, тоа не бил единствениот напнат момент помеѓу играчот и тренерот. Малку подоцна, камерите го снимија Чаби Алонсо како го губи трпението од недостатокот на притисок врз одбраната на Бетис од страна на Бразилецот.
Само десет минути по таа расправија, Чаби Алонсо одлучи да ги извади Винисиус и Родриго од теренот.

