Најдобриот фудбалер за 2024 година според изборот на ФИФА, Винисиус, веќе подолг период е цел на клубовите од Саудиска Арабија, а првиот човек на Про лигата со оптимистичка изјава за шпанска „Марка“ најави дека Бразилецот ја има на маса најголемата понуда во историјата на фудбалот.
Арапите на Винисиус му нудат петгодишен договор вреден пет милијарди евра, односно по една милијарда годишно.
„Ние не сонуваме, само прашање на време е кога ќе започнеме да преговараме.“ – оптимистички најави Омар Магребел, шефот на саудиската Про лига.