Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус, предизвика вистински скандал во Шпанија откако во интервју за Си-ен-ен побара да ѝ биде одземено домаќинството на Светското првенство во 2030 година, и тоа поради расизмот.
„Ако до 2030 не го решат проблемот со расизмот во Шпанија, треба да им биде одземено домаќинството на Светското првенство. Се надевам дека Шпанија дотогаш може да евалуира и да сфати дека е сериозно некого да се навредува само поради бојата на кожата. До 2030 има многу време да се достигне таа евалуација. Ако дотогаш не успеат, мислам дека домаќинот на СП мора да се промени бидејќи ако ги навредуваат фудбалерите кои играат во оваа земја и тие не се чувствуваат удобно и сигурно, туку се загрозени од расистите, тогаш тоа е комплицирано. Сакам да направам сè што можам за да ја донесам таа промена бидејќи поголемиот дел од Шпанците не се расисти, но таа мала група го валка угледот на целата држава, во која инаку е многу убаво да се живее. Ја сакам Шпанија, тука ги имам најдобрите услови за живот со семејството, но мора да го искорениме расизмот“, рече Винисиус.
По оваа изјава, сигурно и навредите кон него ќе се зголемат, и тоа не поради бојата на кожата, туку поради барањето на Шпанија да ѝ биде одземена организацијата на Светското првенство како еден од кодомаќините заедно со Португалија и Мароко.