Иднината на Винисиус јуниор во Реал Мадрид станува сè понеизвесна, а бразилската суперѕвезда сериозно ја разгледува можноста за трансфер во Премиер лигата.
Тој имаше жесток судир со тренерот Чаби Алонсо на почетокот од сезоната, па иако и двајцата го оставија конфликтот зад нив, сепак фановите на Реал постојано го исвиркуваат Бразилецот. Ова го наведува на размислување да го напушти „Бернабеу“, дополнително што не може да изнајде заеднички јазик и со раководството за продолжување на соработката.
Според англиските медиуми, неговите агенти веќе контактирале со Манчестер сити, Ливерпул и Челзи, пренесувајќи ја желбата на Винисиус да игра на Островот. Сега останува да се види кој од клубовите ќе се одлучи за конкретен потег за потенцијален мегатрансфер.

