Договорот на Винисиус со Реал Мадрид истекува за две години, односно летото 2027 година. Раководството на Кралевите веќе подолго време преговара за продолжување на соработката со Бразилецот, но сега Винисиус има еден услов за да остане во Мадрид.
Тој му поставил ултиматум на Флорентино Перес „или јас или Чаби Алонсо“ и јасно му најавил дека нема намера да остане во Реал Мадрид доколку не се промени тренерот. Бразилецот не е задоволен од улогата која ја има во екипата и загубениот статус на прва ѕвезда.
Винисиус во Реал Мадрид пристигна од Фламенго во 2018 година за 45 милиони евра, а сега неговата вредност е 150 милиони евра. Клубови од Саудиска Арабија се подготвени да платат и многу повеќе од оваа сума, па во Реал Мадрид сериозно размислуваат и за такво сценарио во страв да не го загубат бесплатно за две години.

