Најпознатиот фудбалски инсајдер, Фабрицио Романо, пренесува шокантна информација дека раководството на Реал Мадрид на чело со Флорентино Перес донело одлука да се бојкотира изборот на Златната топка, и тоа само поради неофицијалните информации дека таа нема да заврши во рацете на Винисиус.
Така вечерва во Париз нема да присуствува никој од Kралскиот клуб, ниту Винисиус, ниту Белингам, а секако ниту Флорентино Перес и Карло Анчелоти.