Ќе остане ли Винисиус јуниор во Реал Мадрид е прашањето кое веќе неколку месеци е актуелнно во шпанскиот гигант. Актуелниот договор на Винисиус со Реал е до јуни 2027 година, а челниците на Реал сакаат да ја продолжат соработката.
Сепак, Бразилецот вели дека не сака да брза. „Имам уште една година од договорот. Му верувам на претседателот Перес, тој ми верува мене и нема зошто да брзаме“, рече Винисиус.
Реал Мадрид синоќа со 6:1 го растури Монако во меч од Лигата на шампионите, а Винисиус даде еден гол. На стадионот беше и менаџерот на Бразилецот, Фредерико Пења, што можеше да значи најава за продолжување на договорот, но тоа не се случи.
Винисиус потенцираше дека не му е јасно зошто навивачите на Реал го исвиркуваат, бидејќи тој сака да остане на „Сантијаго Бернабеу“.
„Секако дека сум тажен кога ќе слушнам како ми свират на домашен терен. Тоа се случува во последните неколку меча“, вели Винисиус.

