Винисиус плачеше на прес-конференција: Само сакав да играм фудбал (Видео)

Шпанија и Бразил утревечер ќe играат контролен меч, а еден од оние фудбалери кои ќе бидат во фокусот е Винисиус јуниор. Бразилскиот напаѓач е еден од најдобрите играчи во шпанското првенство и лидер на Реал Мадрид.

Токму Винисиус беше на прес-конференцијата на која Бразилецот се расплака.

„Жал ми е. Само сакав и само сакам да играм фудбал. Да направам сè најдобро за мојот клуб и моето семејство. Никогаш не гледате црномурестите како патат“, рече Винисиус, кој често е цел на расистички навреди од навивачи, но и од страна на противнички фудбалери.

https://twitter.com/i/status/1772281044852420752

Бразилецот ја отвори душата и емотивно продолжи: „Никогаш не сум размислувал да го напуштам шпанското првенство затоа што така ќе им направам услуга на расистите. Ќе продолжам да играм за најдобриот клуб во светот, ќе продолжам да давам уште многу голови и понатаму ќе ме гледаат. Расистите се малцинство. Имам поддршка од претседателот на клубот, од сите кои се покрај мене. Силата ја црпам од семејството. Самото тоа што сум тука значи дека сум победник. Многу луѓе од таму од каде што јас доаѓам, уште патат“, вели бразилската фудбалска ѕвезда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести