Реал Мадрид загуби од Хетафе (0-1) на домашен терен, но во центарот на вниманието, односно попрецизно би било во центарот на инцидентите, повторно беше Винисиус. Sвездата на Кралевите веројатно незадоволен од резултатот најпрво бурно реагираше на теренот и започна да го влече противничкиот фудбалер, кој грубо беше фаулиран од страна на Карерас.
Бразилецот за неговиот потег заслужено доби жолт картон, исто како и Карерас за стратот.
— Follow – @M10Update (@IShowMovie) March 2, 2026
Сепак, Винисиус тешко го поднесе поразот, па бараше физичка пресметка со противничките фудбалери и по натпреварот, а беше спречен само благодарение на клупата на Реал Мадрид. Видеото од бурната реакција на Бразилецот може да го погледнете ТУКА.

