Винисиус жуниор го постигна својот 15-ти гол во Лигата на шампионите, со што се изедначи со големиот сонародник Роналдо Назарио по број на голови за Реал Мадрид во ЛШ.
Од овие 15 гола на Винисиус, седум се во нокаут фаза, а интересно е дека сите седум му се против англиски клубови, меѓу нив и одлучувачкиот во ланското финале против Ливерпул.
Инаку, има еден податок кој треба да го загрижи фаворизираниот Манчестер сити. Реал Мадрид сезонава ги доби сите мечеви во ЛШ на кои поведуваше со 1-0.