Реал Мадрид со 2:1 ја победи Барселона во Ел Класико, а освен головите, мечот го одбележа и револтот на Винисиус јуниор, кој беше заменет во второто полувреме. Бразилскиот репрезентативец беше незадоволен од одлуката на тренерот Чаби Алонсо да го извади од игра.
Висиниус гестикулираше дека е незадоволен од тоа да биде заменет постојано повторувајќи зошто секогаш тој прв оди надвор од игра. Голгетерот потоа наместо да седне на клупата за резервни играчи, замина директно во соблекувалната. Е тој потег на Вини го налути тренерот Алонсо.
Стратегот на Реал веднаш реагираше и повика еден од помошниците велејќи му да оди по Винисиус и да го врати на клупата за резерви. „Магичните“ зборови на тренерот Алонсо поради кои Винисиус реши да се врати на клупата биле: „Ако не се врати на клупата, ќе има многу малку на теренот. Кажи му го тоа, да му биде целосно јасно“.
По неколку минути, Винисиус се врати на клупата за резерви, од каде што и го дочека крајот на мечот.
Денес, три дена по Ел Класико, Винисиус се извини на својот „X“ профил за своето однесување. Целосниот текст на објавата гласи: „Денес би сакал да им се извинам на сите навивачи на Реал Мадрид за мојата реакција на замената во Ел Класико. Како што веќе направив лично за време на денешниот тренинг, би сакал повторно да им се извинам на моите соиграчи, клубот и претседателот.
Понекогаш ме понесува страста бидејќи секогаш сакам да победувам и да му помагам на мојот тим. Мојот натпреварувачки дух доаѓа од љубовта што ја чувствувам кон овој клуб и сè што тој претставува. Ветувам дека ќе продолжам да се борам секоја секунда за доброто на Реал Мадрид, како што правам од првиот ден.“

