Винисиус се повреди, Родриго промаши пенал, но тука е Белингем кој е новиот херој на Реал Мадрид (Видео)

Реал Мадрид го продолжува перфектната низа во шпанското првенство, откако минимално со 1:0 победи на гостувањето во Виго против Селта. За Кралскиот клуб ова е трета победа во третото гостување и со максимални девет бода е лидер на табелата.

Херој на гостите е Џуд Белингем. Играчот кој летово дојде во Кралскиот клуб и тоа за трансфер од 100 милиони евра од тимот на Борусија Дортмунд, го постигна единствениот гол. Англискиот репрезенаттивец погоди со глава во 81 минута и тоа се покажа како клучно за Реал да стигне до посакуваните три бода

Мечот за Реал немаше посакуван старт. Селта даде гол по само три минути ирга, но за среќа на гостите беше поништен поради прекршок. Во 15 минута се повреди Винисиус Јуниор, кој потоа беше заменет.

Во второто полувреме Реал Мадрид доби шанса од пенал да поведе, но Родриго беше непрецизен и остана 0:0.

Во 81 минута Белингем најдобро се снајде во противничкиот шеснаесетник и со глава погоди за 1:0. За новото засилиување на Реал, ова беше четврти погодок сезонава и се промовира во главен играч.

- Оглас -

Најнови вести