Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, е блиску до продолжување на договорот со Кралскиот клуб, но се соочува и со можна двегодишна суспензија од фудбалот.
Бразилскиот фудбалер е вклучен во сопствеништво на неколку професионални фудбалски клубови преку компанијата ALL Agenciamento Esportivo, со која управува неговиот татко и неговиот агент Тасило Соарес.
Ваквите зделки би можеле да создадат потенцијален конфликт на интереси со оглед на тоа што Винисиус е активен фудбалер, а забрането е активни играчи директно или индиректно да бидат газди на професионални клубови.
Бразилската компанија Тиберис холдинг на седми април поднесе жалба до Истражниот совет на Етичкиот комитет на ФИФА со барање за суспензија на фудбалерот до две години. Сопственик на Тиберис е Италијанецот Вили Франсезе, а неговата компанија поседува 16,5% од акциите на клубот Атлетико де Сао Жоао дел Реј и сакаше да го искористи правото на прво одбивање за да ја преземе контролата врз акциите.
Но, акциите беа продадени директно на АЛЛ, оставајќи го Тиберис надвор од договорот и компанија поврзана со Винисиус ја презема оперативната контрола. Тиберис реши овој случај да го подигне на меѓународно ниво.
ФИФА ќе го разгледа случајот. Ако Вини биде прогласен за виновен, може да добие двегодишна суспензија како најтешка казна. Другите опции се парична казна или продавање на својот дел од акциите.