Фудбалерите на Реал Мадрид на втори март ќе и гостуваат на Валенсија во Ла Лига, а весникот „Супердепорте“ пишува дека навивачката група Курва Норд му подготвува пеколен дочек на Винисиус Жуниор.
Според весникот, навивачите на Валенсија подготвија песна за Бразилецот, а ритамот е од детската песна „Пинокио“.
„Беше еден играч, славен од Реал Мадрид. Единствено што правеше беше да плаче и да лаже. Плачеше тука, плачеше таму. И секогаш им се смееше на луѓето и на противниците. Пристигна во Валенсија и приказната е готова. Проблемот е што е глупав. И никогаш не беше поради неговата боја на кожата. Ло,ло,ло,ло…“, е песната со која навивачите на Валенсија ќе го дочекаат Винисиус жуниор.
https://twitter.com/superdeporte_es/status/1758262665560862962?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1758262665560862962%7Ctwgr%5E518ce3bd0b77d91e4ff94ad3b00ea1e17471e367%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsportske.jutarnji.hr%2Fsn%2Fnogomet%2Fnogomet-mix%2Fvinicius-na-mjestu-zlocina-navijaci-spremaju-pakleni-docek-jedino-sto-je-radio-bilo-je-plakanje-i-laz-15429303
Минатата сезона кога Реал Мадрид гостуваше на „Местаља“, навивачите на Валенсија го навредуваа Винисиус жуниор на расна основа.
„Не беше ниту прв, ниту втор ниту третпат. Расизмот е нормален во Ла Лига. Федерацијата тоа го смета за нормална работа, а противниците го негираат. Лигата која некогаш им припаѓаше на Роналдињо, Роналдо, Меси, денеска им припаѓа на расистите“, напиша тогаш меѓу другото Бразилецот на социјалните мрежи.