Еден од најдобрите фудбалери на светот, Бразилецот Винисиус Жуниор, доби финансиски неверојатна понуда од саудискиот првак Ал-Хилал, но ја одби.
Сепак, Винисиус ја остава отворена можноста сепак да се пресели во Саудиска Арабија следното лето, што непријатно ги изненади во Реал Мадрид. Мадриѓаните беа убедени дека 24-годишниот Вини не ни помислува да си замине, но испадна дека и тој не е имун на тешките милиони кои му се нудат.
Наводно, се работи за вртоглава понуда за годишна плата од 350 милиони евра, со тоа што би станал и фудбалски амбасадор на земјата во пресрет на СП 2034 година. Договорот со Реал му е до 2027 година, и затоа следното лето би имало некакви шанси да замине доколку Кралскиот клуб прифати богата понуда за отштета во висина на светски рекорд.