Бразилскиот интернационалец Ендрик до крајот на сезоната ќе игра како позајмен во Лион откако не добиваше минутажа од новиот тренер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо. Неговиот сонардник и една од најголемите ѕвезди на Кралевите, Винисиус, со емотивна порака на социјалните мрежи му посака среќа, но и што побрзо да се врати во Мадрид.
„Ендрик, мојот Боб, мојот брат… со среќа. Те чекаме назад што поскоро“, напиша Винисиус.
Оваа порака на Винисиус ги воодушеви не само навивачите на Реал Мадрид туку и воопшто Бразилците бидејќи дмногу поискусниот фудбалер му даде поддршка на помладиот, кој штотуку ја започна европската авантура.

