Бразилскиот фудбалер Винисиум јуниор кој игра за Реал Мадрид, реши паузата поради Новогодижните и Божиќни празници да ја искористи за да си стави тетоважа на грбот. Винисиус замина во Лос Анџелес и стави голема тетоважа на целиот грб со која им оддаде почит на некои од најголемите спортисти на сите времиња.
Тетовирањето траело дури осум часа, а на крајот тетоважата е величествена и на неа ги има ликовите на некои од најголемите спортисти на сите времиња како што се Пеле, Мајкл Џордан, Мухамед Али и Коби Брајант.
View this post on Instagram
Винисиус моментално се опоравува од повредата на бутниот мускул и се очекува на теренот да се врати во втората половина од јануари. Сезонава одигра 13 меча за Реал Мадрид и има биланс од шест голови и четири асистенции.