Винисиус и Реал Мадрид имаат договор до летото 2027 година, а во моментов иако се преговара, нема потпис на нов. Проблем се парите, па Бразилецот веќе му постави ултиматум на Кралскиот клуб.
Тој бара јасна понуда за продолжување на договорот со плата од најмалку 30 милиони евра, колку што заработува и Килијан Мбапе, и тоа најдоцна до април, во спротивно подготвен е да го напушти „Сантијаго Бернабеу“.
Бразилецот во моментов има плата од 20 милиони евра, а од Реал Мадрид не се подготвени да ги исполнат неговите барања.
Вредноста на Винисиус во моментов е 150 милиони евра, а прв во редот за негов потпис чека ПСЖ, од каде што се подготвени да ги исполнат неговите барања.

