Винисиус јуниор е во преговори со Реал Мадрид околу потпишување на нов договор. Сепак, според последните најави, преговорите меѓу двете страни „закочиле“ и тоа поради парите.
По доаѓањето во Реал, Винисиус се промовираше во една од најголемите ѕвезди во фудбалскиот свет. Кралскиот клуб сега му нуди нов договор според кој Винисиус би потпишал нов петгодишен договор вреден 100 милиони евра. Тоа значи дека Бразилецот би добивал 20 милиони евра по сезона.
Винисиус смета дека оваа понуда е мала за него и бара повеќе пари. Бразилецот во преговорите ги вклучил и муабетите дека за него се интересираат и клубови од Саудиска Арабија и затоа сака да добие 30 милиони евра по сезона за останување на „Сантијаго Бернабеу“.
„Винисиус јуниор од Реал Мадрид бара годишна плата од 30 милиони евра. клубот засега му нуди „само“ 20 милиони евра. Агентите на Винисиус во исто време преговараат со екипите од Саудиска Арабија. На тој начин се обидуваат да издејствуваат поголема плата од Реал за Бразилецот“, стои во објавата на „Марка“.
Претседателот на Реал, Флорентино Перес низ годините соработувал со голем број на ѕвезди и секогаш знаел да го најде вистинскиот начин да ги наговори да останат, а сепак да не го добијат првичниот нивни план.
Винисиус јуниор дојде во Реал Мадрид во јуни 2018 година кога мадридскиот гигант за него плати 45 милиони евра на Фламенго. Досега Бразилецот има одиграно вкупно 315 мечеви за Кралевите во кои постигнал 105 голови, а има и 81 асистенции.