Реал Мадрид одигра само 3:3 на гостувањето кај градскиот ривал Рајо Валјекано и така пропушти шанса да се искачи на првото место на табелата во шпанското првенство. Кралскиот клуб губеше со 2:0, но успеа да постигне три гола и да поведе со 3:2 во 56 минута.
По водството од 3:2, тренерот на Реал; Карло Анчелоти реши во игра од клупата за резерви да го внесе Винисиус јуниор. Бразилскиот напаѓач во игра влезе во 63 минута, а само неколку минути потоа, Рајо даде гол за израмнување на 3:3 во 64 минута.
Винисиус беше очигледно нервозен, па во 74 минута заработи и жолт картон. Тоа е негов петти жолт картон сезоната, што значи дека Бразилецот ќе го пропушти следниот натпревар на Реал во првенството.
Во следното коло Реал на „Сантијаго Бернабеу“ ќе игра против Севилја, а Винисиумс нема да биде во составот.