1.8 C
Skopje
понеделник, 22 декември 2025

Винисиус во „војна“ со навивачите на Реал: „Што да правам, ме исвиркуваат уште од првата минута“

Реал на домашен терен ја совлада Севилја со 2-0 во 18-тото коло од Ла Лига. Главната тема по натпреварот беа жестоките свирежи од навивачите на Реал упатени кон клупската легенда. Винисиус (25) за седум години во Реал одигра 346 натпревари, постигна 111 голови и асистираше за 91. Освои низа трофеи, меѓу кои најзначајни се две титули во Лигата на шампионите и три во Ла Лига.

На натпреварот против Севилја тој беше капитен, но навивачите на Реал се огорчени од однесувањето на Винисиус за време на неодамнешната криза во клубот. Тимот го загуби врвот во Ла Лига, а доживеа пад и во Лигата на шампионите.


Во тој период Винисиус предводел бунт против тренерот Чаби Алонсо. Навивачите на Реал јасно покажаа на чија страна се. Против Севилја му свиркаа на Винисиус од самиот почеток на натпреварот, па сè до 83-тата минута, кога Бразилецот беше заменет од Гонзало Гарсија.

Свирежите од „Бернабеу“ при неговото излегување од игра беа снимени, подоцна беше објавено и како Винисиус реагирал на фактот што навивачите на неговиот клуб му свиркаат уште од стартот.


„Што да правам? Ова е првата акција на натпреварот… по ѓаволите!“, откриле читачите од усни што Винисиус кажал кон клупата на Реал, шокиран од тоа што мадридистите му свиркаат од самиот почеток.

Лут поради свирежите што ги слушна при излегувањето од игра, Бразилецот набргу по завршувањето на натпреварот ја смени профилната фотографија на ‘Инстаграм’. Само десетина минути по последниот судиски свиреж, уште од соблекувалната ја отстрани фотографијата на која го носи дресот на Реал и ја замени со слика од натпревар во дресот на бразилската репрезентација.

- Оглас -

Најнови вести