10.8 C
Skopje
недела, 26 октомври 2025

Винисиус збесна кога Чаби Алонсо го замени, а на крајот се „закачи“ и со Јамал (Видео)

Бразилскиот ас Винисиус јуниор имаше одличен настап во големото шпанско дерби против Барселона, но тешко ја поднесе замената во второто полувреме. Стратегот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, реши да го повлече Винисиус, што очигледно не му се допадна на напаѓачот.


Веднаш по замената, Винисиус испрати зборови кон клупата на Реал, а потоа се упати кон соблекувалната, не останувајќи со соиграчите, што јасно го покажуваше неговото незадоволство и фрустрација.

Откако малку се смири, се врати на клупата, но тензијата не заврши тука. По крајот на мечот, Винисиус влезе во вербален конфликт со Ламин Јамал. Бразилецот гестикулираше со прстите, покажувајќи дека смета оти Шпанецот „многу зборува“, на што Јамал одговори со иста мера.


Тензијата на клупите на двете екипи предизвика мешаница, но брзо беше смирена од останатите актери.

- Оглас -

Најнови вести