5.8 C
Skopje
среда, 18 февруари 2026

Винисиус жестоко возврати: Мораше да го стави дресот над уста, затоа што е слабак

Бразилскиот репрезентативец Винисиус јуниор беше мета на расистички скандал на дуелот меѓу Бенфика и Реал Мадрид. Откако токму Винисиус постигна гол за водство на Реал во плејофот за пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите, играчот на Бенфика, Џанлука Престијани го навреди Винисиус на расна основа.

По мечот, Бразилецот се јави со своја реакција преку социјалните мрежи.

„Расисти, пред сѐ, се оние луѓе кои се кукавици. Мораше да го стави дресот преку уста за да покаже колку е слабак. Тие на својата страна ги имаат оние кои теоретски треба да ги казнат. Ништо од тоа што денеска се случи не треба да биде толерирано од мене и од моето семејство. Не сакам себеси да се ставам во прв план во ваквите ситуации, посебно не по една ваква голема победа кога насловите треба да бидат за Реал Мадрид, но ова е неопходно“, беше пораката од Винисиус.

Бразилецот истрча до судијата Франсоа и пријави дека бил расистички навреден, па имаше неколку минутен прекин на мечот.

Соиграчот на Винисиус, Килијан Мбапе, исто така жестоко реагираше и рече дека Престијани треба да биде суспендиран и веќе никогаш да не смее да игра во Лигата на шампионите.

Од спортскиот дел, Реал со 1:0 победи во Лисабон и се стекна со одлична предност пред реваншот, кој ќе се игра на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести