Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани, донесе одлука да се откаже од услугите на четворица фудбалери, на кои нема да смета за новата сезона. Се работи за Матијан де Лихт, Нусаир Мазрауи, Брајан Сарагоса и Кингсли Коман.
За де Лихт постои интерес од Манчестер јунајтед, но Баерн Минхен бара 50 милиони евра плус бонуси, сума која „црвените ѓаволи“ не се подготвени да ја платат, но можноста за овој трансфер се уште постои. Сепак, во моментов многу поблиску до „Олт Трафорд“ е Мазрауи, со оглед на шпекулациите дека клубовите веќе ги договориле условите и наскоро трансферот ќе биде официјализиран.
Брајан Сарагоса ќе биде испратен на позајмица, се шпекулира дека тоа ќе биде во Барселона, но ваквите најави се тешко остварливи, па фудбалерот најверојатно ќе заврши како позајмен во некој помал клуб од Ла Лига.
Кингсли Коман е пред трансфер во ПСЖ, клубовите преговараат, но доколку не успеат да се договорат, тогаш и тој ќе биде испратен на позајмица.
Навивачите на Барен Минхен се гневни на одлуката Матијас де Лихт да си замине и чудно им е како на Горецка му се дава шанса да остане уште една сезона, а де Лихт го продаваат.