Легендарниот англиски фудбалер и еден од сопствениците на Интер Мајами, Дејвид Бекам, објави фотографија на Инстаграм на која позира со двајцата пензионирани НБА центри Јао Минг и Шекил О’Нил, а тука е и актерот Џеки Чен.
Фотографијата брзо стана вирална поради разликата во висината. Бекам е висок 183 сантриметри, но се губи покрај О’Нил (216 см) и Кинезот Минг (229 см). Најнизок во ова друштво е Чен кој е висок 174 сантиметри.
Друштвото се собра на подготвителниот натпревар помеѓу НБА тимовите Феникс санс и Бруклин нетс кој се одигра во Макао.