Флоријан Вирц во трансфер вреден 125 милиони евра пристигна во Ливерпул од Баер Леверкузен летоска, но за да го постигне првиот гол му беа потребни дури 23 натпревари.
Германецот по мечот против Вулверхемптон, во кој го постигна голот за водство од 2-0, во победата од 2-1, беше пресреќен.
„Беше навистина прекрасно чувство да бидам на теренот со навивачите околу мене. Бев многу среќен и сè уште сум. Бев уверен дека еден ден ќе постигнам гол. Сакав да почнам порано да постигнувам голови и да асистирам, но работите се одвиваа на тој начин и морам да го прифатам тоа. Едноставно знаев дека моментот ќе дојде и се обидувам да продолжам така.“ – рече Вирц.

