Германскиот репрезентативец Флоријан Вирц е играчот кој го направи најскапиот трансфер во историјата на Премиер лигата, откако за 135 милиони евра од Баер Леверкузен се пресели во Ливерпул. Вирц потпиша петгодишен договор со англискиот гигант и во првото интервју откри кои му се плановите.
„Се чувствувам многу гордо и среќен сум. Конечно трансферот се реализираше. Решив дека ова е моментот во мојата кариера да направам нешто ново и затоа си заминав од Баер. Едноставно сакав да дојдам во овој клуб кој е во Топ 3 на светот. Не беше толку лесно за мене, затоа што сум Германец, но убеден сум дека Ливерпул е најдоброто решение за мене. Сакам секоја година да освојувам трофеи. Сакам да сум успешен. Амбициозен сум. Едноставно сакам да ги освојам сите важн трофеи со Ливерпул“, рече Вирц, кој додаде дека со нетрпение чека да заигра за англискиот гигант кој во новата сезона ќе има мисија да го одбрани тронот во Премиер лигата.