Домаќинот на ЕВРО 2024, селекцијата на Германија, има водство од 2-0 против Шкотска остварено по првите дваесетина минути од дуелот на „Алијанц арена“ во Минхен.
Флоријан Вирц во десеттата минута го постигна првиот гол на шампионатот и стана најмладиот стрелец на премиерен погодок на првенствата, а девет минути подоцна Џамал Мусијала зголеми на 2-0.
Германците доминираат од стартот на мечот, Нагелсман нападна со триото Вирц – Мусијала – Хаверц, и двајца од нив веќе се запишаа меѓу стрелците.