Вирц ја прифатил понудата од европскиот гигант, се чека Леверкузен да се изјасни

Флоријан Вирц е еден од фудбалерите кои посебно се истакна во последните две сезони. Тој беше еден од хероите кои минатата сезона го одведоа тимот на Баер Леверкузен до титулата во германското првенство, а и сезонава одигра одлично, па не случајно е на мета на европските гиганти.

Минатото лето се шпекулираше дека Реал Мадрид ќе се обиде да го доведе Вирц на „Сантијаго Бернабеу“, но тоа не се случи. Кога се работи за играч кој блеска во германското првенство секако во опција е и Баерн Минхен.

Најновите информации велат дека Вирц конечно успеал да го договори личните услови со Баерн Минхен, но овој договор нема да може да се реализира, ако на тоа не се согласи Баер Леверкузен. Фармацевтите го имаат Вирц под договор до јуни 2027 година и за предвремен раскин на договорот бараат 100 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести