Германскиот голгетер Флоријан Вирц од следната сезона ќе го носи дресот на Ливерпул. Ова го тврди познатиот италијански новинар Фабрицио Романо. Најавите се дека Баер Леверкузен ја прифатил понудата од Ливерпул, и тоа вредна 150 милиони евра. Постигнат е устен договор, а сега се чека и писмена потврда.
Доколку ова се случи, Вирц ќе биде фудбалерот со трет најскап трансфер, вреден 150 милиони евра. Рекордниот трансфер го држи Нејмар, кој за 222 милиони евра си замина од Барселона и го облече дресот на ПСЖ. Втор најскап трансфер е тој на Килијан Мбапе од Монако во ПСЖ за 180 милиони евра.
Засега трет најскап трансфер е тој на Филип Кутињо, кој од Ливерпул во Барселона замина за сума од 145 милиони евра. Во Топ 5 најголеми трансфери засега се и тој на Усман Дембеле од Борусија Дортмунд во Барселона за 135 милиони евра и на Жоао Феликс од Ливерпул во Челзи за 126 милиони евра.