Вирц не е во почетниот тим на Германија, Данците со две важни промени во составот

Фудбалските репрезентации на Германија и Данска вечерва од 21 часот во Дортмунд се среќаваат во вториот меч од осминафиналето на Европското првенство.

Селекторот на Германија, Џулијан Нагелсман, одлучи да направи неколку промени во однос на групната фаза, бидејќи Тах не е во тимот поради суспензија, а ќе го замен Шлотербек. Раум на левата бековска позиција го замени Мителштат, но и Лирој Сане е стартер на место на Флоријан Вирц.

Од друга страна, Каспер Хјулманд направи важни промени во однос на мечот со Србија, бидејќи Олсен и Дилејни ги заменија Винд и Хјулманд.

Германија: Нојер, Кимих, Рудигер, Шлотербек, Раум, Крос, Андрих, Гундоган, Сане, Мусијала, Хаверц.

Данска: Шмајхел, Андерсен, Кристенсен, Вестергард, Меиле, Бах, Дилејни, Хојбјерг, Олсен, Ериксен, Хојлунд.

- Оглас -

Најнови вести