Чилеанецот Кристијан Гарин е шампион на виртуелниот турнир во Индијан Велс што беше организиран од Тенис ТВ и тоа со мнозинство гласови, а реакцијата на контроверзниот Ник Кирјос ја однесе победата во светот на реалноста.
„Не сум видел нешто поглупаво во животот“, коментираше Кирјос, кој е познат по своите испади во светот на тенисот.
Со него можеби и за првпат се согласуваат грото вистински симпатизери на тениската игра бидејќи виртуелните турнири во кој било спорт немаат врска со реалноста.
„Не го сакам Кирјос воопшто, но сега е во право. Какви се овие глупости со виртуелен тенис“, е еден од коментарите што во мнозинство ја подржуваат реакцијата на Кирјос.
Индијан Велс е одложен заедно со уште 21 тениски турнир поради епидемијата од Коронавирусот, па се организираат виртуелни турнири во тенис, но и фудбалски мечеви и натпревари од другите спортови.