-3.2 C
Skopje
четврток, 18 декември 2025

Виртус надмоќен против Партизан, Анадолу Ефес убедлив на гости кај Жалгирис

Кошаркарите на Виртус Болоња остварија убедлив триумф на гостувањето кај Партизан со 68-86, во 16-тото коло од Евролигата. Црно-белите од Белград го забележаа својот десетти пораз во елитното натпреварување, иако во претходните две кола беа во победничка низа.

Италијанскиот тим ја наметна својата игра уште од самиот почеток и јасно покажа што сака во „Штарк арената“. Виртус одигра солидно прво, а уште подобро второ полувреме. Партизан успеа да парира само во воведните минути, но во продолжението беше немоќен против разиграниот противник.

Најзаслужен за победата на екипата од Болоња беше Едвардс со 20 поени, додека во редовите на Партизан се истакна Браун со 15 поени.

Анадолу Ефес убедливо славеше на гости против Жалгирис со 64-87, Асвел го совлада Баерн со 76-74, додека Басконија беше подобра од Монако со 85-73.

- Оглас -

Најнови вести