Висар Муслиу е нов играч на Сен Труден

Македонскиот репрезентативец Висар Муслиу е промовиран како нов играч во екипата на Сен Труден. Централниот дефанзивец кој кариерата ја започна во Ренова, за првпат ќе има предизвик да игра во првенството на Белгија.

Муслиу во Сен Труден доаѓа од германската екипа Падерборн, каде што настапуваше од 2023 година. Искусниот 30-годишен дефанзивец има 59 настапи за македонската репрезентација, а во богатата клупска кариера има настапувано и за екипите на Фехервер, Шкендија и Вардар.

Сен Труден сезонава во белгиското првенство не игра според посакуваното. По 24 одиграни кола, тимот има освоено само 24 бода и моментално е на 14-тото место од 16 екипи. Тимот има примено дури 46 гола и ја има втората најслаба одбрана, што значи дека Муслиу ќе има голем предизвик да помогне да се направи стабилност во дефанзивниот ред.

- Оглас -

Најнови вести