Ајнтрахт Франкфурт – Баер Леверкузен (Германија, Бундеслига, 20.30 часот)
Двете екипи имаат солиден старт во новата сезона во Бундеслигата и моментно се во серија од три меча без пораз. Ајнтрахт полека успева да се консолидира по продажбата на комплетниот навален ред, иако според бројот на голови досега, промената се чувствува.
Лани Ајнтрахт постигна 60 голови во првенството, а Јовиќ и Халер беа меѓу најефикасните во Бундеслигата. Квалитетот и на сегашните напаѓачи Андре Силва, Даичи Камада и Пасиенсија е многу солиден, па и од нив се очекуваат многу погодоци сезонава.
Баер има силни адути во офанзивата, а Кај Хаверц и Надир Емири се идинината на германскиот фудбал и надополнети со Кевин Воланд играат одлично. И Фармацевтите играат атрактивен фудбал, напаѓачки, па може да се очекуваат доста голови на „Комерцбанк арената“.
Предлог тип: ГГ&4+ (2.55)
Ница – ПСЖ (Франција, Лига 1, 20.45)
Стандардните проблеми со повредите на клучните играчи не му пречат на шампионот повторно да биде лидер на табелата во Франција.
Против Ница сигурно нема да игра Нејмар, кој пак се повреди, а неизвесен е и настапот на Килијан Мбапе. Веројатно ќе игра Кавани, а со него во нападот би бил и Чупо Мотинг, што и не е лоша варијанта кога веќе главните ѕвезди се повредени.
Ница го купи Каспер Долберг од Ајакс, голови дава и Сиприен, иако е играч од средниот ред, па стартот во Лига 1 им е очекуван. Малку подзастанаа во последните три кола, во кои немаат победа, па сега тешко е да се вадат против шампионот и најдобрата и најбогата екипа во Франција.
ПСЖ нема пораз од Ница на последните четири дуели, а типуваме дека ќе стигне и до петка во меч со доста голови.
Предлог тип: 2&3-5 гола (2.55)
Гранада – Осасуна (Шпанија, Ла Лига 21 часот)
Гранада игра неочекувано добро, а сега ќе има шанса со победа во дуелот на новаците во Ла Лига повторно да се вмеша во битката за врвот во една од најсилните лиги на светот.
Младиот тренер Диего Мартинес одлично го подготвил тимот за прволигашките искушенија, а Гранада веќе ги прегрме дуелите со Барселона и Реал Мадрид, па во продолжението од првиот дел од шампионатот би требало да им биде полесно.
Дуелот со Осасуна е можност да се стигне до 17 бода, што е убав предизвик за Гранада во деветтото коло во Ла Лига.
Гостите од Памплона се составот со најмногу нерешени, дури пет во досегашните 8 рунди во шпанското првенство. Играат цврсто, добро и можат да се надеваат дека ќе се изборат за опстанок во сезоната во која направија камбек во прволигашкото друштво.
По традиција, на меѓусебните дуели домашната екипа во последно време не губи, па во тој тренд ќе типуваме дека и овојпат ќе биде така.
Предлог тип: 1Х&0-2 гола (2.00)
Мускрон – Бриж (20.30 часот)
Бриж игра сензационално на стартот од новата сезона и нема пораз на 16 меча. Одигра одлично и во Лигата на шампионите, а беше надмоќен, иако не го победи Галатасарај, а потоа беше на прагот на првокласно изненадување на „Сантијаго Бернабеу“, каде што прокоцка предност од 2:0 против Реал Мадрид и освои еден бод со реми 2:2.
Потоа на домашен терен го декласира Гент со 4:0, што и не е толку лесно и потврди дека формата е одлична. Ханс Ванакен диктира одлично темпо, а Дијата, Окереке и Денис погодуваат, па Бриж од врвот на табелата ја следи конкуренцијата во Белгија.
Мускрон почна одлично, но сега врза три меча без победа и на гости го чека тимот што е во топ-форма, најдобра во моментов во Белгија.
Бриж има супер важен меч во вторник, против ПСЖ на домашен терен, но за да се задржи одличната атмосфера, мора да се победи Мускрон.
Предлог тип: 2&T2 (1.70)
Висла Краков – Пјаст Гливице (Полска, Екстракласа, 20.30 часот)
Висла пак има проблеми, иако не како финансиските од лани, а полскиот гигант сега има серија лоши резултати. Немаат победено на последните 4 меча, имаат проблеми и со повредите на играчите и се аутсајдери против актуелниот шампион Пјаст.
Гостите се одлични во последните неколку сезони, откако во 2012 година станаа прволигаши. Во 2015/16 беа вицешампиони на Полска, а лани испишаа историја со првата титула.
За нив гостувањата кај Висла во Краков се проблематични, а немаат победа од 2013 година, или на последните 7 гостувања.
Кај домаќините нема да игра ветеранот Блашчиковски, со него и Бурлига, а веројатно и Букса, што ќе биде хендикеп за Висла. Аквињо и Червински ќе бидат отсутни кај Пјаст во меч што е многу важен, па очекуваме гол(ови) во двете мрежи.
Предлог тип: ГГ (1.63)