Женската ракометна репрезентација на Македонија за играчи до 18 години, претрпе убедлив пораз од Германија со 21:34 (12:17), во меч кој беше за разигрување од 9-12 место на Светското првенство. По овој пораз, за Македонија останува уште еден меч и тоа против Хрватска (утре од 16 часот), кој треба да одлучи дали нашите девојки ќе завршат на 11 или 12 место на Мундијалот.
Германија се покажа како пресилен ривал за македонските надежи. Панцерите уште од стартот поведоа со 8:3, а предноста од пет погодоци ја задржаа до крајот на првото полувреме, кога беше 17:12. На стартот од второто полувреме Германките дадоа три гола за предност од 20:12, а во 43 минута прв пат поведоа со двоцифрена разлика 26:16, па беше јасно дека на крајот предноста на Германија ќе биде двоцифрена.
Лојтнер со 7 гола беше најефикасна на мечот, додека кај Македонија Теодороа Дуковска даде пет погодоци и беше најаефикасна во поразениот состав.