2.8 C
Skopje
вторник, 23 декември 2025

Висока оценка за досегашната соработка помеѓу ФИБА Европа и Кошаркарската федерација на Македонија

Во изминатиот период се одржа работен состанок помеѓу раководните претставници на ФИБА Европа и претставници на Кошаркарската федерација на Македонија, на кој од страна на нашата федерација учествуваа потпретседателот Младен Ѓуроски и генералниот секретар Томче Стојчевски.

На состанокот беше истакната високата оценка за досегашната соработка помеѓу ФИБА Европа и Кошаркарската федерација на Македонија, која беше оценета како успешна и континуирана. Притоа беа анализирани позитивните практики и квалитетните облици на соработка реализирани во изминатиот период.

Посебен акцент беше ставен на потребата од понатамошно унапредување на односите и вложување заеднички напори за усогласување на актите и регулативите на ФИБА со актите и внатрешните прописи на Кошаркарската федерација на Македонија, со цел подобрување на функционалноста, транспарентноста и усогласеноста во работењето.

Двете страни ја потврдија подготвеноста за продолжување и продлабочување на соработката и во наредниот период, во интерес на развојот на кошарката и унапредувањето на организациските и спортските стандарди.

Кошаркарската федерација на Македонија ќе продолжи активно да соработува со ФИБА Европа и да работи на имплементација на договорените насоки и препораки

- Оглас -

Најнови вести