Вистинска амајлија – Барди ако погоди, Леванте во Ла Лига ќе продолжи

Енис Барди е вистинска амајлија на Леванте и кога тој дава гол, неговиот тим не губи меч во шпанската Ла Лига.

Досега во двете сезони што ги игра во силната шпанска лига, Енис погоди вкупно 11 пати на 9 различни натпревари и ниту еднаш Леванте не бил поразен.

Билансот кога македонскиот репрезентативец ја тресел мрежата на противниците е шест победи за Леванте и три нерешени.

Сега тимот од Валенсија бие битка за опстанок. На две кола до крајот има 3 бода повеќе од Жирона, екипа која е следниот противник на Барди и неговите соиграчи.

Дербито на долниот дел на табелата ќе се игра во недела, од 18.30 часот, а навивачите познавајќи ја неверојатната статистика на Барди, и буквално се молат тој да ја затресе барем еднаш мрежата на Мароканецот Боно, кој е прв голман на Жирона.

На Леванте му одговара и реми, но има и тежок распоред во последните две кола, бидејќи по гостувањето во Каталонија кај Жирона, на свој терен го чека второпласираниот тим во Ла Лига, Атлетико Мадрид.

Еве го учинокот на Барди и на Леванте кога Енис постигнува гол(ови):

Сезона 2017/18

Леванте – Ла Коруња 2-2 (Барди стрелец во 34-та минута) 

Леванте – Валенсија 1-1 (Барди стрелец во 40-та минута) 

Леванте – Реал Сосиедад 3-0 (Барди стрелец во 88-ма минута)

Еибар – Леванте 2-2 (Барди стрелец во 37-ма минута)

Атлетик Билбао – Леванте 1-3 (Барди двоен стрелец во 42-ра и 44-та минута)

Леганес – Леванте 0-3 (Барди стрелец во 59-та минута)

Леванте – Барселона 5-4 (Барди двоен стрелец во 46-та и 55-та минута)

Сезона 2018/19

Хетафе – Леванте 0-1 (Барди стрелец во 59-та минута)

Леванте – Рајо Валјекано 4-1 (Барди стрелец во 90-та минута)

 

- Оглас -

Најнови вести