Вистинска фудбалска бајка е животот на играчот на Болоња кој го сруши Интер

Муса Јувара е момчето кое со гол вчера најави пресврт на Болоња против Интер на „Џузепе Меаца“. Болоња победи со 2-1, а 18-годишниот Јувара цел живот ќе го памети овој меч, бидејќи за првпат постигна гол на меч од Серија А.

Пред четири години, како 14-годишник, Муса без никого, сосема сам (наводно биолошките родители се откажеле од него), со брод допатува од Гамбија на јужниот италијански брег, на Сицилија. Како и многу негови сонародници, побегна од сиромаштијата и војната, па беше сместен во прифатен центар во близина на Потенца. Со фудбал почна во малиот клуб Виртус Авилјано и имал среќа да работи со Витантонио Суна, кој му бил тренер и како татко.

Витантонио го препознал талентот на својот посвоен син и му го препорачал на клубот Киево, од каде што кратко замина во младинските селекции на Торино. Во дресот на Торино лани блесна на познатиот турнир во Вијареџо, кога даде три гола на три меча. Скаутите на Болоња видоа дека Јувара е потенцијал, Синиша Михајловиќ му даде шанса и тој ја искористи, и тоа на најголема сцена, на култен стадион против голем клуб.

- Оглас -

Најнови вести