Екипата на Беласица во недела ќе го прославува својот 102-ри роденден, а по тој повод раководството на клубот одлучи првенствениот натпревар од втората лига против Охрид Лихнидос да се игра во вечерен термин од 20 часот.
Вистинска реткост за наши услови е да се играат натпревари под рефлектори во првата лига, а гледачите во Струмица викендов ќе имаат можност да гледаат и второлигашки фудбал во вечерен термин. Одличен потег на раководството на струмичани.