Претседателот на Франција, Емануел Макрон, на еден настан се најде меѓу група деца кои имаа разни прашања за него. Едно дете го праша Макрон кој му е поомилен фудбалер, Кристијано Роналдо или Лионел Меси, а претседателот рече дека е за Роналдо.
Првиот човек на Франција кој лани со лобирање кај мајката на Килијан Мбапе му помогна на ПСЖ да го задржи Французинот, сега одговори како што би одговорил секој поекстремен фан на Светците.
Меси не беше омилен кај навивачите на ПСЖ, особено после победата на Аргентина над Франција во финалето на Светското првенство. Меси летово си замина од ПСЖ токму затоа што преку глава му беа свирежите од трибините на „Паркот на принцовите“.
Еве како Макрон кажува оти го преферира Роналдо:
Emmanuel Macron (President of France):
Cristiano or Messi?
"I prefer Cristiano Ronaldo."
— CristianoXtra (@CristianoXtra_) June 27, 2023