Вистински пекол и ужас во Брадфорд, пред 35 години изгореа 56-мина навивачи (Видео)

Наместо еден од највеселите денови во историјата на клубот Брадфорд сити, 11 мај 1985 година се претвори во најтажен датум на овој мал клуб од англиската област Јоркшир, во која се наоѓа и Лидс. Брадфорд требаше да слави еден од најголемите трофеи кои ги освоил речиси по 50 години играње во трети и четврти ранг, како прв на табелата се пласираше во втората лига (денешна Шампионат лига), а на гости му дојде Линколн сити.

Стадионот беше преполн, имаше 11.000 луѓе, а дувал силен ветар кој подоцна придонесе за ширење на пожарот. Во 40-тата минута од средбата, при 0-0, од едната трибина почна да се шири пожар и за неколку минути на стадионот беше вистински пекол, во буквална смисла на зборот.

Подоцна е утврдено дека еден човек кој пушел, сакал да ја згасне цигарата со газење на подот, но таа пропаднала во отвор помеѓу скалите каде имало смет, и од тој отвор почнал да излегува чад. Човекот пријавил кај редарите, но било предоцна. Стадионот „Валеј парад парк“ бил стар околу 100 години и изграден главно од дрво, со покрив од битумен.

11 May 1985: A general view of the burnt out stands in the wake of the disaster at the Bradford City ground in Bradford, England. Mandatory Credit: Allsport UK /Allsport

Во првите минути немало паника, сите верувале дека проблемот ќе се реши брзо, а кога мечот бил прекинат, околу 3.000 луѓе кои биле на трибината се нашле во огромен проблем бидејќи биле заклучени влезовите. Оганот се ширел неверојатно брзо, чадот бил густ и црн, а луѓето скокале преку огради и ѕидови за да се спасат. Најмногу настрадале тие што бегале кон заклучените излези и во тоалетите, додека тие што бегале на теренот се спасиле. Среќна околност е што трибината немала ограда кон теренот.

Пожарот бил надвор од контрола, запалени делови паѓале врз луѓето и многумина дезориентирани од густиот чад или се задушиле или изгореле. На трибините немало апарати за гасење пожар поради страв од хулиганизам.

До 1989 година ова беше најголема трагедија во историјата на англискиот фудбал. Од 56-те жртви, 54 биле фанови на Брадфорд, а двајца на гостинскиот Линколн. Судот пресудил дека до смртта на 56 луѓе дошла благодарение на несреќен случај, па никој не одговараше за катастрофата. На семејствата на жртвите им беа исплатени вкупно 4 милиони фунти.

Денеска стадионот изгледа многу поубаво и побезбедно.

- Оглас -

Најнови вести