Вистински цар: Болт на забавен начин побара да се држи дистанца (Фото)

Легендарниот атлетичар од Јамајка, Јусеjн Болт, кој ги држи светските рекорди на 100 и 200 метри, ги искористи социјалните мрежи за да го честита католичкиот Велигден објавуваќи и забавна порака, како за време на празникот треба да се држи социјална дистанца.

Болт честитката ја објави со фотографија од финалето на 100 метри на Олимписките игри во Пекинг 2008 година и напиша „Социјална дистанца”. Тој во Пекинг навистина држеше дистанца од ривалите и на спектакуларен начин постави светски рекорд на 100 метри разбивајќи jа конкуренцијата.

Тогаш тој истрча 100 метри за 9.69 секунди, што беше за 20 стотинки побрзо од вториот Ричард Томпсон. Иако следната година во Берлин, Болт истрча уште побрзо, 9.58, што е актуелен светски рекорд и оваа трка во Пекинг ќе се памети по неговата егзибиција кога во финишот не го даде својот максимум, туку почна да ја слави победата, со што се знаеше дека може уште побрзо и од тоа.

Освен што беше супербрз, тој исто така се покажа и како забавен човек кој знае да се шегува и да ги забавува фановите.

- Оглас -

Најнови вести