25.8 C
Skopje
понеделник, 18 август 2025

Витиња донесе триумф за ПСЖ на гости кај Нант (Видео)

Францускиот и европски првак Пари Сем Жермен успешно ја стартуваше новата сезона во Лига 1. Тимот на Луис Енрике оствари минимален триумф (0-1) на гости против Нант.

Светците долго време бараа начин како да ја пробијат одбраната на Нант, а тоа му успеа на Витиња во 67-та минута. Тој упати удар од далечина, топката на патот кон голот удри во еден противнички фудбалер, го промени правецот и ја затресе мрежата на домаќинот.

Гонсало Рамош во финишот постигна уште еден погодок, но не беше признат поради офсајд позиција на напаѓачот на ПСЖ.

- Оглас -

Најнови вести