15.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Витиња е на два меча од чудо, да освои седум титули во една сезона

Пари Сен Жермен ја игра најдобрата сезона во историјата на клубот. Францускиот гигант жнее успеси и трофеи на сите натпреварувања на коишто игра.

Популарните Светци сезонава се радуваа на титулата во француското првенство, а ги освои и Купот и Суперкупот на земјата. ПСЖ првпат стана и европски првак кревајќи го трофејот во Лигата на шампионите.

На сите овие натпреварувања, во дресот на ПСЖ беше Витиња. Португалскиот репрезентативец имаше успех и на национална сцена. Португалија триумфираше во Лигата на нациите, што значи дека веќе има освоено пет титули во оваа сезона.

Тука може да не е крајот на ПСЖ во „жнеењето на пехари“. Европкиот првак ќе игра и во финалето на Светското клупско првенство, а противник ќе им биде Челзи. На крајот од летово, ПСЖ ќе игра и во борба за трофејот во Суперкупот на УЕФА, каде што секако ќе има фаворитската улога против уште еден англиски ривал, а тоа е Тотенхем.

Доколку ПСЖ ги освои и овие два трофеи, Витиња ќе биде првиот фудбалер во историјата што успеал да освои дури седум трофеи само во една натпреварувачка сезона.

- Оглас -

Најнови вести