Витингтон најефикасен кај Андора, Димитријевиќ прва резерва на Хувентуд

Морабанк Андора како гостин славеше кај Хувентуд со 75:65, а голема заслуга за тоа има и македонскиот крилен центар Шејн Витингтон, кој летоска од Зенит прејде во Андора. Витингтон не беше во почетната петорка, но со 17 поени за 14 ипол минути игра, покажа дека тренерот мора посериозно да смета на него.

Витингтон беше убедливо прв стрелец во својот тим, а беше и втор скокач со 6 фатени топки, од кои четири под противничкиот кош.

Сосема пристојна улога во поразениот тим имаше Ненад Димитријевиќ. Тој со 7 поени, три скока и две асистенции за 11 ипол минути игра, беше најкорисниот играч од клупата на Хувентуд.

Двајцата интернационалци кои играат во можеби најсилната лига во Европа, не се омилени кај МКФ. Нашата федерација го суспендираше младиот Димитријевиќ и бара од ФИБА да му забрани да игра и за клубот, а има најави и за разгледување на идејата за одземање на пасоши за оние Американци кои имаат македонски пасоши, но не се покажале во дресот на нашата репрезентација, каков што е случајот со Витингтон.

- Оглас -

Најнови вести