Витор Переира го презема кормилото на Вулверхемптон

Португалскиот стратег Витор Переира потпиша договор за да стане нов менаџер на Вулверхемптон. Неговиот договор ќе има важност до летото 2026 година.

Поранешниот клуб на Переира, Ал-Шабаб, ќе добие отштета, која се смета дека нема да ја надминува сумата од 800.000 фунти.

Переира ќе го замени отпуштениот Гари О’Нил. Португалецот, кој има титули во три различни лиги со Порто, Олимпијакос и со Шанхај, ја презеде функцијата на тренер во Ал-Шабаб во февруари.

Вулверхемптон моментно се наоѓа на 19-тото место на табелата во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести